Пропозиции за Националното дуатлон првенство 2023, Скопје

Организатор: ТФСМ
Технички организатор: Триатлон клуб “Софка”- Скопје
Помагатели: Агенција за млади и спорт, Македонски Олимписки комитет и Град Скопје.
Место на одржување: Кеј на реката Вардар, под Заводот за спортска медицина (спроти Жабар)

Трката се бодува за Шампионат на Северна Македонија во Дуатлон

Распоред на трките по категории

Сениори/ки, Јуниори/ки,Кадети/ки и Мастерс сите возрасни категории.
10:00-10:30 Поделба на стартни броеви
10:15 -10:55 Отворање на транзицијата и поставување на опрема во боксот
10:55 -10:58 Повикување за старт по стартни броеви
11:00 Старт на трката

Деца 2
12:15-12:30 Поделба на стартни броеви
12:30-12:55 Отворање на транзицијата и поставување на опрема во боксот
12:55 -12:58 Повикување за старт по стартни броеви
13:00 Старт на трката
Деца 1
13:30-13:40 Поделба на стартни броеви
13:40-13:55 Отворање на транзицијата и поставување на опрема во боксот
13:55-13:58 Повикување за старт по стартни броеви
14:00 Старт на трката
Прогласувањето на победниците во сите категории е во 14:30часот



Право на учество имаат сите регистрирани спортисти во ТФСМ, членови на клубовите и рекреатвиците. Спортистите мора да бидат осигурани и лекарски прегледани (Обврска на клубовите кои треба да ги достават до федерација до почетокот на натпреварот).
Спортистите кои немаат осигурување и лекарски преглед, потпишуваат изјави дека настапуваат на сопствена одговорност.
Котизации и начин на пријавување
Сениори/ки, Јуниори/ки, Кадети/ки и Мастерс - 600ден.
Деца 2 - 300ден,
Деца 1 - бесплатно.
Котизацијата се уплаќа до 29.03.2023 год на ж-ска 200001456255463 Стопанска Банка
Пријавата се врши на следниот линк: https://cutt.ly/B4ijJTq 
Натпреварувачите се должни да носат документ за лична идентификација и да потпишат изјава пред подигнување на стартниот број кај судијата.




Транзиција/Бокс, ќе биде поставен на тревната површина и ќе биде соодветно обележан.
Патеката за трчањето е кон Камениот мост по кејот на реката Вардар од левата страна.
Возењето на велосипед е по кејот, на левата страна на реката Вардар правец кон болницата Систина.
Маршутата ќе биде појаснета пред стартот на трката.


Технички правила
Учесниците се должни да ги почитуваат правилата на ИТУ и ТФСМ. Учеството на трката е на сопствена одговорност и сите настанати последици се на сопствена одговорност на натпреварувачите.
Важни информации: Задолжително e носење на заштитен шлем, не смее да се настапува со голо тело во било кој дел од натпреварот, забрането е користење на ТТ велосипеди, тркалата треба да имаат минимум 12 жици.
Од оваа година како нови правилa важат:
Забрана за користење на аеро барови на гиданот на сите трки во кои ТФСМ е организатор или техничка подршка.
Објаснување за правилото за казни: Доколку натпреварувачот добие казна и истата ја отслужи кај судијата во делот за казни, нема право да ја обжали изречената казана ни со паушал од 50 евра во денарска против вредност.
Доколку натпреварувачот не ја одржи поставената казна има право да ја обжали идлуката на главнот судија и со паушал од 50 евра во денарска против вредност за да се разгледа неговата жалба. Доколку судиската комисија е во право, натпреварувачот е дискавлификуван и финансиите одат кај организаторот. Доколку натпреварувачот е во право му се враќа паушалот и добива финално време со пласман во својата категорија.
Најстрого ке се казнува секоја вербална комуникација со техничките лица, како од натпреварувачите така и од тренерите, родителите и останатите лица.
Посебно ќе се обраќа внимание на етичкото и спортско однесување на сите спортисти во сите категории, како и однесувањето на родителите и тренерите. 

Наши спонзори

Булевар "Кочо Рацин" бр.15

Скопје, Македонија

+389 70 363-958

+389 70 221-850

+389 75 287-064