За нас

Историјат за триатлонот

When one sport is not enough you do TRIATHLON

Триатлон спортот во Македонија се појавува во 1994 година кога од страна на познатиот спортскиот работник Ѓорги Кузмановски – долгогодишен спортски работник и тренер во велосипедскиот спорт, го промовира триатлон спортот со организација на промотивен триатлон натпревар на езерото Треска кај Скопје на 20.Јуни 1994 година. На натпреварот настапија познати спортисти , велосикпедисти, пливачи и атлетичари. Најдoбaр кај младинците беше Александар Коцевски (јуниор) а кај сениорите Игор Димовски / двајцата пливачи/, кај ветераните најдобар беше промоторот Ѓорги Кузмановски. Натпреварот се одржа на следниове дистанци, 500 м. Пливање, 15 км. велосипедизам и 2000 м. Трчање.


По промоцијата на триатлон спортот, активно го промовира овој спорт низ повеке градови во Македонија, клубт *Софка*. До 2001 година оснивани се триатлкон клубови во, Скопје, Куманово, Кочани и Радовиш, подоцна и и во Струга. Триатлон натпреварите 1994 / 2001 година се одржуваат на Велешко езеро, Маврово и Скопје, а Дуатлон натпревари во, Скопје, Кочани и Радовиш.


Првото неофицијално првество на Македонија е одржано во Маврово, на 21. Јули 1998 година. Прв првак на Македонија е Боро Банишки член на Триатлон клубот Софка.


Во 1999 година од Белград пристигна покана преку Македонскиот Оликмписки Комитет да учествуваме на Балканијада на ”Ада Циганлија”. Од страна на промоторот Ѓорги Кузмановски во улога на тренер и селектор, беше составена Репреазентацијата во која настапија, Перо Коцев од Кочани, Јорданка Петрушевска од Велес, Боро Банишки од Скопје, Александар Стошиќ од Кочани, Цезар Пендаровски од Скопје и Борче Јордановски од Скопје. На натпреварот во Белград со оглед дека прв пат настапивме, резултатски поминавме многу добро. Пласманите по категори на репрезентативците беше задоволителен, со оглед на тоа што ова беше рв настап на Македонската Триатлон репрезентација на ваков вид на натпревар.


Триатлон Федерацијата на Македонија оснивана е на 22 01. 2001 година. За Претседател е избран осново положникот Ѓорги Кузмановски кој ја врши оваа функција до 2006 година.Кузмановски, покрај функција та Претседател беше, тренер и селектор до 2015 година. На собранието во Јануари 2016 година е промовиран е за почесен Претседател на ТФ М.


Македонската Триатлон федерациа во Дојран во 2006год.го организира Балканското првенство и отворен Европски куп кој преставуваше еден голем мегународен натпревар од интернационален карактер. Од Македонските триатлонци Најдобри Резулати постигнаа Стојан Поповски 4 место кај сениорите и 2 место Бојан Николовски кај кадетите. Носители на организацијата беа, Ѓ.Кузановски, И.Михајловски, Г.Николовска,Ф.Поповски и С.Поповска.


Најдобри клубови 1994 / 2017 годиуна се “Софка “ Скопје кој е апсолитен првак до 2013 и 2017 година а 2014 / 2016 е клубот “Титани” од Струга.


Најдобри спортисти со поистигнати мегународни резултати во изминатиот период се: Стојан Поповски кај сениорите кој беше Oлимписки кандидат за 2008 и 2012 година, повќе пласмани во првата половина на натпреварувачите на 10 европски куп натпревари и прв на мегународниот триатлон натпревар во Малта, Куп на мали земји. Во последниве години со успех настапува и на Ајрон Мен заедно со Душко Велишковски и бележат доста добри резултаи во своите категории. Кај младинците најдобар резултат е на Бојан Николовски, 2 место на Балканијадата и ЕТУ куп во Дојран, 4 место во Аланија Турција на ЕТУ куп и 5 место во Кладово Србија ЕТУ куп, Сите тројца членови на клубот “Софка” Скопје.


Од 2007 год до 2011 год. Претседател на Триатлон федерацијата е ИгорМанасов кој овзможува организација на натпревари во Дуалон во Пробиштип. Триатлон федерацијта ги корсти природните ресурси на езерата во Македонија па така се организираат натпревари во Триатлон на езерата во Дојран,Струга и Охрид.


Од 2012 год па до денешен датум Претседател на Триатлон федерацијата е Иван Михајловски. Со негова помош а пред се со добра соработка со развојната програма на Европската триатлон федерација е овозможена помош во орема за натпреварувачите во помладите категории на тогаш пионери сега деца во категорија еден и два, кадети и јуниори. Опремататековно со годините беше доделена на натпреварувачите од : моунт велосипеди,заштитни кациги,триатлон одела, роад велосипеди,тренажери за статично возење велосипеди.


Беа организирани неколку кампови во период од 2014-2016год. за развоен триатлон а нив ги сочиуваа деца од клубовите: Софка од Скопје,Елан и Ана-да од Радовиш и Тиатни од Струга. Самите кампови завршуваа со натпревар Национално триатлон првенство. Покрај Триатлон се организираа и Дуатлон натпревари во Скопје и Радовиш.


Триатлон федерацијата со помош на ЕТУ влегува во програмата и системот на едукација и евалуација на знаењата поставена од развојанта програма на Европската Триатлон федерација.Па така бележиме учество со натпреварувачи од возрасна категорија на Јуниори на развојни кампови во Аликанте,Шпанија, Тисовиварош Унгарија и Тулчеа,Романија каде што натпреварувачите се подготвуваа за тековната триатлон сезона.


Ито така во однос на едукацијата Триатлон федерацијата на Македонија има двајца највисоко рангирани тренери со ниво два лиценца од ЕТУ Тренерската програма и тоа Данчо Ѓеорѓијевски и Лука Гаревски, кои ја продолжуваат работата во едукација и тренажен процес на младите триатлонци.


Ова овозможи да се формира нов Триатлон Клуб ” Триоги рејсинг МКД” ,кој работи со категорија на триатлонци во кадетска и категорија на деца еден и два со тоа продолжува со развојот и едукацијата на младите категории на триатлонци.


Триатлон федерацијата има своја судиска лиценцирана екипа со ниво два од Европската Триатлoн федерација и тоа: Иван Михајловски и Бојан Николвски кои овозможуваат натпреварите кои се организирани во Македонија да ги организираат на највисоко можно ниво и да им овозможат на натпреварувачите сигурна и безбедна трка, согласно прописите и правилата на Европската Триатлон федерација.

Наши спонзори

Булевар "Кочо Рацин" бр.15

Скопје, Македонија

+389 70 363-958

+389 70 221-850

+389 75 287-064