Државно првенство во триатлон за 2021 година - Дојран

Оваа година, првенството во Дојран ќе се одржи во два дена:
-сабота (29 мај) - триатлон дистанци соодветни за младите категории;
-недела (30 мај) - спринт триатлон за сениорите, јуниорите и рекреативците.

Котизацијата за една трка во категориите на Сениори/ки, Јуниори/ки, Кадети/ки и Рекреативци/ки, изнесува 600 денари.
За категоријата на Деца 2 котизацијата е 300 денари, a учеството во категоријата на Деца 1 е бесплатно.
Пријавувањето се одвива преку следниот e-mail: nikolovska@sportskopje.mk
Уплатата се врши до 26.05.2021 год. на ж-ска 200001456255463
Стопанска Банка.
ВАЖНО!
Учесниците се должни да ги почитуваат техничките правилата на World Triathlon и ТФСМ, а учеството на трката, како и сите настанати последици, се на сопствена одговорност на натпреварувачите. Задолжително е носење на заштитен шлем и не смее да се настапува со голо тело во било кој дел од натпреварот. Велосипеди со аеро-барови не се дозволени или доколку ги има, не смеат да ја надминат замислената линија на воланот и треба да бидат во затворен круг. Забранет е настап со ТТ велосипеди или велосипеди со помалку од 12 жици на тркалата.

Наши спонзори

Булевар "Кочо Рацин" бр.15

Скопје, Македонија

+389 70 363-958

+389 70 221-850

+389 75 287-064